Трагедија го потресе Ѓоковиќ, се самоуби една од неговите најголеми навивачки

Новак Ѓоковиќ на еден ден пред важниот меч со Александер Зверев во полуфиналето на Отвореното првенство на САД доби лоша вест, почина една од неговите најверни навивачки, Белгијката Мари Лаур, која сама си го одзела животот.

Сопругата на Новак, Јелена, на социјалните мрежи напиша дека нејзиното срце е скршено. Мари пред да се самоубие, на социјалните мрежи има напишано проштално писмо во кое објавува дека сака да почине и да си оди од овој свет. Мари беше една од жените кои Новак ги следеше на социјалните мрежи, а тенисерот често оставаше и коментари.

Мари Лаур од 2012 го обожува Ѓоковиќ. Особено тешко го поднела поразот на Србинот на Олимписките игри во Токио, а кога Новак ќе освоеше некоја важна титула, таа објавуваше текстови во кои со многу епитети го возвишуваше тенисерот.

- Оглас -

Најнови вести