Трагедија, почина капитенот на англиски клуб кој им е добро познат на обложувачите

Англискиот клуб Јеовил Таун кој се натпреварува во националната лига и добро им е познат на обложувачите, објави тажна вест дека починал нивниот капитен Ли Колинс. Централниот дефанзивец имаше 32 години, а сезонава Колис одигра осум средби во дресот на Јеовил во Националната лига на Англија.

„Сите во Јеовил Таун потонавме во тага од загубата на нашиот капитен Ли Колинс. Тој почина вчера и нашите мисли се со неговото семејство и пријателите” – напишаа од клубот.

Колинс како млад почна да игра за Вулверхемптон, но не заигра за првиот тим. Во 2009 прејде во четвртолигашот Порт Вејл и таму остана одигра 140 меча како позајмен. Играше и во Чемпионшип за Барнсли, беше и во Нортхемптон, Менсфилд, Форест Грин роверс, а од 2019 година беше во Јеовил.

- Оглас -

Најнови вести