Трагедија: Рефлектор уби навивач (Фото)

Потресна вест доаѓа од Шпанија, од градчето Пола де Лена. На меч од третата шпанска лига меѓу екипите на Лененсе и Леалтада се случи инцидент со смртни последици.

Додека траеше мечот, еден од рефлекторите на стадионот едноставно се сруши. Од падот на рефлекторот смртно настрада еден навивач, а мечот веднаш беше прекинат.

Засега уште се истражува причина за падот на рефлекторот, но се претпоставува тоа дека е поради силниот ветер. Дуелот бил пред самата завршница, кога задувал силен ветер. Едно рекламно пано паднало и тоа директно над рефлекторот, кој потоа се срушил директно на трибината.

Еден навивач починал на самото место, а друг со тешки повреди е пренесен во болница.

- Оглас -

Најнови вести