Трагедија во Алжир: Се преврте автобус, двајца загинати

Двајца членови на алжирскиот прволигаш Мулудија од градот Ал Бајад загинаа во сообраќајна несреќа откако се преврте автобусот во кој се превезуваа фудбалерите и членови на клубот. Несреќата се случила на пат во градот Сугер на северозападниот дел од земјата.

Фудбалската федерација на Алжир соопшти дека во несреќата загинале резервниот голман Закарија Бузијани и помошникот тренер Халид Муфтах. Има и други повредени, но тие се во стабилна состојба.

„Ова е голема трагедија која му се случи на алжирскиот фудбал и затоа Фудбалската федерација на Алжир одлучи да ги откаже сите фудбалски активности планирани до крајот на оваа недела во целата земја“, пишува во соопштението на Федерацијата.

- Оглас -

Најнови вести