Трагедија во Гана, загинаа осум млади фудбалери (Вознемирувачко видео 18+)

Осум фудбалери на возраст од 12 до 16 години, загинаа во сообраќајна несреќа во Гана, во регионот Ашанти. Трагедијата се случила кога автобусот со кој патувале младите фудбалери, излетал од патот и паднал во река. Шест деца загинале на лице место, а уште две жртви починале во болница, откако лекарите не успеале да ги спасат од тешките повреди.

Според медиумите во Гана, не среќата се случила откако возачот ја загубил контролата по пукање на предна гума додека поминувал низ еден мост преку реката Офинсо. Повредени се 24 фудбалери кои играле во јуниорската „Колтс лига“, од кои четири се во животно загрозувачка состојба, па бројот на загинати можеби и ќе биде поголем од осум. Во автобусот имало вкупно 36 патници.

Се појави и вознемирувачко видео од местото на несреќата. Се гледа дека локалните мештани прв стигнаа на местото на несреќата и се обидуваа да помогнат на повредените, и ги изнесуваа мртвите тела:

- Оглас -

Најнови вести