Трагедија во Италија: Фудбалер случајно прегази тренер со автомобил

Трагедија се случи во редовите на италијанскиот второлигаш Читадела. Фудбалерот Кристијан Д’Урсо случајно уби тренер на клубот откако со својот автомобил го прегази 77-годишниот Лино Симонето, кој бил на велосипед.

Симонето им подлегнал на повредите на 29 април, шест дена по несреќата, а на Д’Урсо ќе му се суди за ненамерно убиство. Од Читадела изразија сочувство околу трагедијата, меѓутоа не го спомнаа Д’Урсо.

Инаку, 23-годишниот фудбалер е поранешен младинец на Рома и е стандарден првотимец на Читадела кој сезонава запиша 30 настапи во Серија Б.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести