Трагедија во Кингстон – Во тепачка за мобилен телефон убиена е репрезентативка на Јамајка

Фудбалската репрезентативка на Јамајка Таранија Кларке им подлегна на повредите, откако беше избодена со нож во бизарен инцидент во Кингстон.

Младата фудбалерка, која имаше само 20 години учествувала во тепачка за мобилен телефон, а потоа била прободена со нож.

Кларке минатиот месец дебитираше за националниот тим на својата земја и постигна и гол во мечот против Куба што заврши со победа од 12:1.

Властите во Јамајка објавија дека девојката што ја убила Таранија е идентификувана и наскоро ќе биде и приведена.

- Оглас -

Најнови вести