Трагедија во Мостар: Фудбалер на Зрињски се самоуби

Лоши вести пристигнаа од Мостар, утрово животот си го одзеде 27-годишниот фудбалер на Зрињски, Карим Газета. Се работи за швајцарски интернационалец кој пред почетокот на сезоната пристигна во Зрињски.

Трагичната вест ја објавија босанските медиуми, а ја потврдил и портпаролот на МУП, Људевит Мариќ. Пишувањата се дека самоубиството било извршено со скок од осмиот спрат од зграда и едноставно немало спас за фудбаалерот.

Пред да дојде во Зрињски, Газета настапувал исклучиво во домашни екипи во Швајцарија (Сервет, Витертур, Лозана), а минатата сезона бил дел од тимот на Ксамакс. Во Зрињски дојде и бил преставен како големо засилување, но поради повредата која ја имал, морал да паузира до октомври.

Само по еден одигран меч во босанското првенство, Газета повторно се повредил, па за него полусезоната била завршена. Засега не се знаат причините поради кои фудбалерот извршил самоубиство.

- Оглас -

Најнови вести