Трагедија во Русија – Млад хокеар почина по удар со пак во лицето, битката за живот траеше четири дена (Вознемирувачко видео)

Младиот хокеар на Динамо Санкт Петербург, Тимур Фајзутидинов почина во болница во Јарослав, четири дена откако на несреќен начин беше погоден со пак во незаштитениот дел од лицето на дуелот со Локомотив.

Иако имаше кацига на главата ударот беше страотен и за жал погоди место кое не го штити кацигата, по што падна на мразот во бесознание.

Четири дена траеше битката за да му се сапси животот на Тимур, но за жал беше загубена во болницата во Јарослав. Неговото семејство бараше 19-годишниот хокеар да биде префрлен во Москва, но официјалното соопштение е дека тоа било невозможно поради критичната ситуација и Фајзутидинов не би го преживеал транспортот до главниот град на Русија.

Тимур беше капитен на младиот тим на Динамо со над 200 одиграни натпревари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести