Трагичарот на шампионот ќе си замине, од Интер велат дека грешката против Болоња не е пресудна

Јонут Раду, кој може да биде големиот трагичар на Интер, ако Нераѕурите не го одбранат Скудетото ќе си замине од клубот веќе ова лето.

Раду направи огромен кикс и и подари гол за победа на Болоња од 2:1, по која Милан го смени Интер на пол-позицијата за титулата.

Романецот како што најавија од Интер ќе си замине од клубот веќе ова лето, но причината не е големиот кикс, кога му подари гол на Сансоне за пораз од Болоња.

„Раду е голем талент и сака постојано да брани, па само тоа, а никако киксот против Болоња е причината да си замине од клубот. Интер веќе го купи Онана од Ајакс, тука е и Ханда, па ќе нема место и добра минутажа за Раду“, велат од Интер.

За Раду има интерес од Лече, а Романецот сака да остане во Италија и да брани во Серија А.

Интер моментно е на второто место на табелата во Италија со 72 бода, два помалку од Милан на четири кола до крајот.

За да го одбранат Скудетото им требаат сите победи и барем еден пораз на Милан,во трка во која градскиот ривал има два бода повеќе и подобар меѓусебен биланс со една победа и реми, што е прв критериум за титулата, ако двата тима имаат ист број на бодови по 38 кола.

 

 

- Оглас -

Најнови вести