Трагикомедија – Даде гол од најчудниот пенал сезонава и погодокот не важи (Видео)

Муса Дијаби, напаѓачот на Баер Леверкузен, го изведе најчудниот пенал сезонава во Германија и иако погоди од белата точка, погодокот не му беше признат.

Дијаби се лизна при шутот од 11 метри и ја зафати топката со двете нозе, што е против правилата.

Топката во чуден лак заврши зад грбот на голманот на Бохум, Мануел Рајман, и, за негова среќа, не важеше.

Мечот заврши без голови, иако имаше гол во 65-тата минута, што е нерегуларен со најчудниот пенал во Бунделсигата.

 

 

- Оглас -

Најнови вести