Трајковски ќе стаса за Генералната проба на Мајорка против Барди и Леванте

Мајорка го чека последното летно засилување, Александар Трајковски, пред стартот на новата сезона во шпанската Ла Лига, а ако македонскиот репрезентативец стаса навреме да го потпише најавениот договор, би играл и во Генералната проба против Леванте на Енис Барди.

Двата состави од елитната шпанска лига, договорија пријателски меч за во сабота, 10. август, а тој меч би им послужил и на Мајорка и на Леванте како последен тест за новата сезона, што ќе стартува на 16. август.

Најавено е дека Трајковски ќе потпише тригодишен договор со новиот член на Ла Лига, а ќе заработува годишно по 650 илајди евра.

Мајорка ќе ја почне сезоната со меч на домашен терен против Еибар на 19. август, а Леванте ќе стартува ден претходно со гостување кај Алавес.

- Оглас -

Најнови вести