Трајковски пак остана на клупа, Хетафе пресилен за Мајорка

Хефате ја оствари првата победа за оваа сезона по еден пораз и три нанижани ремија, а пред нивните навивачи настрада тимот на Мајорка со конечни 4-2. Македонскиот репрезентативец Александар Трајковски повторно не доби минутажа, од клупата го проследи третиот пораз на својот тим по пет меча во шпанското првенство.

Со раниот автогол на Баба, Хетафе ја зграпчи приликата да дојде до првите три бода, а подарок добија да го зголемат водството од белата точка во 33-тата минута, по успешниот шут на Молина. Ниом во вториот дел го постигна третиот гол за Хетафе, а гостите во финишот се разиграа, па одговори Будимир со два гола во 70-тата и 77-та минута. Наместо Мајорка да се обиде да изненади, следуваше нова казна од Анхел во 84-тата минута за конечните 4-2.

По пет кола Мајорка виси на табелата пред зоната за испаѓање со четири бода, Хетафе е на 11-тото место со два бода повеќе.

- Оглас -

Најнови вести