Трајковски повторно влезе од клупа, Мајорка загуби од Реал Сосиедад

Мајорка претрпе минимален пораз од Реал Сосиедад со 1-0 во првиот нивен меч од Ла Лига пред домашни навивачи. Нашиот репрезентативец Александар Трајковски не можеше да му помогне на својот тим да дојде до посакуван резултат, откако тренерот Висенте Морено посегне по него како џокер од клупата.

Трајковски истрча на теренот во 58-та минута на местото од Фебас, но тој не се најде во ситуација да се закани кон голот на гостите. Неизвесноста на мечот траеше до 83-тата минута, кога Одегард го најде патот до мрежата на Мајорка.

По две кола во шпанското првенство, Трајковски и натаму не ја доби довербата да биде стартер за Мајорка, а се надева дека можеби ќе се најде во првите 11 во следниот дуел, на гостувањето кај Валенсија.

Во меѓувреме, Алавес и Еспањол ремизираа во мечот без голови.

- Оглас -

Најнови вести