Трајковски против Мемушај – дуел на мајстори за асистенции на „Адријатико“

Александар Трајковски против Ледијан Мемушај ќе биде дуелот што може и да го одлучи победникот во дербито од 30-тото коло во Серија Б, меѓу домаќинот Пескара и Палермо.

Еден против друг ќе бидат мајсторите за асистенции и двајцата играчи со најдобар завршен пас за гол во Лигата. Нашиот репрезентативец досега има 8 точни асистенции за погодок, додека албанскиот репрезентативец е лидер со 10 прецизни додавања за гол до соиграчите од Пескара.

„Ќе гледаме дуел на двајцата најдобри асистенти во Серија Б. Од нив може да зависи и исходот на мечот, кој е многу важен за амбициите на двата клуба да се промовираат во нови калчолигаши“, пишува „Газета дело спорт“.

Мечот ќе се игра на „Адријатико“ во Пескара, а гостите ќе бидат драстично ослабени. Поради картони, нема да игра капитенот Илија Несторовски, а надвор од редовите се и Рајковиќ и Белуски.

Традицијата им дава право да бидат оптимисти бидејќи Палермо никогаш не загубил меч од Пескара во Серија Б. Досега играле 7 пати и клубот од Сицилија славел петпати, додека два меча завршиле нерешено.

 

- Оглас -

Најнови вести