Трајковски: Прво да ги добиеме овие мечеви, па ќе мислиме на март

Македонската сениорска репрезентација претпладнево ги продолжи подготовките за претстојните два натпревари од квалификациите за ЕП 2020 против Австрија на гости (16 ноември, стадион „Ернст Хапел“, Виена) и Израел (19 ноември, Национална арена „Тодор Проески“, Скопје).

Александар Трајковски е оптимист дека Македонија може да освои бодови на овие две средби.

– Сè додека имаме шанса, ќе се бориме до крај. Ова е добра можност да покажеме дека поразот на домашен терен од Австрија не ја покажува реалната слика и односот на силите меѓу двете репрезентации. Мислам дека сме добро подготвени и одиме да го дадеме нашиот максимум на теренот во Виена. Најважно е сега да се обидеме да ги добиеме овие два натпревари, да се покажеме во најдобро светло, а потоа ќе размислуваме на мартовскиот предизвик од Лигата на нациите. Во изминатиот период игравме и со послаби и со поквалитетни репрезентации и сметам дека покажавме дека можеме да се носиме со која било селекција“, изјави Трајковски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести