Трајковски се прошета низ одбраната на Читадела (Видео)

Македонскиот репрезентативен офанзивец, Александар Трајковски, ја има најголемата заслуга за постигнатиот гол на Палермо, со кој сицилијанците победија со 1:0 на гостувањето кај Читадела. Со оваа победа, Палермо се зацврсти на чело на табелата во Серија Б, со пет бода предност пред Бреша (еден меч помалку) и Пескара кои се на второ односно трето мемсто.

Во 51 минута од мечот Читадела – Палермо, Трајковски ја освои топката на средината на теренот, тргна во напад кон голот на домашните, и со прецизно додавање ја исфрли од игра одбраната на Читадела, топката дојде до Уругваецот Сезар Фалети, кој се најде очи во очи со голманот, и не му беше тешко да ја затресе мрежата.

Трајковски го одигра целиот меч, а во 83 минута доби жолт картон.

Овој погодок по асистенција на Трајковски, беше единствениот на мечот. Погледнете го продорот на Трајковски со кој се заврши 90 отсто од работата при голот на Палермо:

https://www.dailymotion.com/video/x6zr1vu

- Оглас -

Најнови вести