Трамп го нападна Леброн: Ти го популаризираш расизмот!

Леброн Џејмс ќе почека за својот четврти шампионски прстен откако Мајами ноќеска го доби петтиот дуел во финалната серија и намали на 3-2 против ЛА лејкерс. На Кралот единствена обврска му е да ја донесе 17-тата титула во франшизата од Ел – Еј, но во меѓувреме трпи критики од страна на претседателот на САД, Доналд Трамп.

Трамп го обвини Леброн дека шири расизам со самото поддржување на движењето „Животите на црномурните луѓе се важни“.

„Никој повеќе не следи НБА. Лично не се замарам да знам кој игра во финалето. Политиката навлезе во кошарката поради Леброн Џејмс, кој се претвори опасен гласник на демоктарската партија. Џејмс е фантастичен кошаркар, но луѓето не сакаат да го гледаат бидејќи тој ги мрази. Со самиот слоган кој го поддржува Леброн шири расизам бидејќи ги дели луѓето на бели и црни“, порача претседателот Трамп.

- Оглас -

Најнови вести