Трамп: Рејтингот на НБА е лош, луѓето се заморени од нив, станаа политичка организација

Претседателот на САД, Доналд Трамп, не е популарен кај кошаркарите и тренерите во НБА лигата, често е мета на критики, па сега тој начека прилика да им врати. Повод за критиките на Трамп кон играчите и општо НБА, беше штрајкот во знак на протест против расизмот и полициската бруталност врз црните луѓе.

Синоќа не се играат натпреварите од плејофот, нема да се игра ниту вечерва, останува да се види дали мечевите ќе продолжат утре или задутре.

„Знам дека рејтингот им многу лош, бидејќи луѓето се малку и заморени од НБА. Искрено, не знам премногу за протестот, но знам дека популарноста им е лоша и тоа не е добро. Станаа како политичка организација. Тоа не е добро ни за спортот ни за државата“ – искоментира Трамп.

- Оглас -

Најнови вести