Трамп: Се уморив од гледање мечеви стари по 14 години, ќе го вратиме спортот!

Американскиот претседател Доналд Трамп формираше советодавно тело од 14 членови, меѓу кои се и челниците на најважните професионални спортски лиги во земјата. Овој совет треба да заседава и да одлучи кога треба да се продолжи со спортските возбудувања, кои беа „замрзнати“ поради пандемијата со корона-вирусот.

Повеќе од еден месец поради стравот од опасниот вирус, нема мечеви ниту во НБА, НФЛ, НХЛ и МЛБ шампионатите, а Трамп имаше јасна порака.

„Мораме да го вратиме нашиот спорт. Уморен сум од гледање 14 години стари бејзбол мечеви“, порача Трамп.

САД е најтешко погодената земја од корона-вирусот. Досега во земјата има над 600.000 заразени и речиси 25.000 починати луѓе.

- Оглас -

Најнови вести