Трансфер бомба: Фиорентина ја прифати астрономската понуда на Арсенал за Влаховиќ

Трансферот на Душан Влаховиќ во Арсенал е само прашање на време кога ќе се оствари бидејќи Фиорентина ја прифати понудата вредна над 80 милиони евра плус бонус.

Одличниот српски напаѓач импресионира во последната година ипол и со своите настапи во привлече вниманието на фудбалските гиганти, а тимот од Лондон има потреба за напаѓач.

Пјер Ерик Обамејанг е отстранет од тимот поради недисциплина и раководството сака да го продаде поради високите примања. Од друга страна, Влаховиќ е 11 години помлад и е во врвна голгетерска серија,

Оваа сезона Влаховиќ има 20 погодоци на 23 одиграни средби.

- Оглас -

Најнови вести