Трансфер-бомба од Србија: Манчестер сити купува 17-годишен играч на Младост Лучани!

Звучи неверојатно, но вистина е, 17-годишниот Ѓорѓе Гордиќ, кој игра за Младост од Лучани, наскоро треба да потпише договор со Манчестер сити.

Младост ќе добие отштета од 2,2 милиони евра. Гордиќ речиси сигурно и следната сеозна ќе биде во Младост, но како позајмен од Сити и според договорот, за секој одигран меч на Гордиќ, Граѓаните на Младост ќе му даваат по 10.000 евра. Има опција Гордиќ да биде позајмен и некаде во Холандија.

За талентираниот Гордиќ, кој игра во средниот ред, се интересираа и Црвена ѕвезда, Партизан, Аталанта, Бриж, но кога се јавиле од Сити, одлуката паднала таму да биде продаден.

Поради изгледот и позицијата на којашто игра, Гордиќ, кој во ноември ќе стане полнолетен, го нарекуваат „српски Рабио“.

- Оглас -

Најнови вести