Трансфер на кариерата: Од Чемпионшип лигата во Барселона

Макс Аронс, младиот десен бек на англискиот второлигаш Норвич, е на прагот да го оствари трансферот на кариерата и да заигра за Барселона. Каталонците веруваат во неговиот потенцијал и ќе го позајмат за претстојната сезона со опција да го откупат следното лето за околу 30 милиони евра.

Дваесетгодишниот бек на Канаринците во ланската сезона пропушти само два меча од вкупно 38 во Премиер лигата, на кои беше редовен стартер и покажа дека поседува квалитет да биде врвен играч во иднина.

Ваква прилика ретко се укажува на фудбалер кој настапува во втората англиска лига, од Чемпионшип директно да се пресели во редовите на шпанскиот вицепрвак.

https://twitter.com/GaffneyVLC/status/1308428346532024320

Инаку, Барса се одлучи за алтернативното решение да ја засили десната бековска позиција откако претрпе неуспех во обидот да го ангажира Сержињо Дест, талентот на Ајакс, кој преферира трансфер во Баерн Минхен.

- Оглас -

Најнови вести