Трансфер на повидок во 2022? Модриќ доби аплаузи од навивачите на Интер и јавно им се заблагодари (Видео)

Во 80-тата минута од синоќешниот меч помеѓу Интер и Реал Мадрид во Лигата на шампионите, публиката во Милано со аплауз го поздрави Лука Модриќ, хрватскиот ветеран кој е ценет и почитуван во целиот свет, а можеби со тоа сакаа и да му покажат дека во следната сезона сакаат да го видат во сино-црниот дрес.

Во минатото имаше шпекулации дека Модриќ може да премине во Интер, но тој и понатаму е во Реал, каде што е меѓу клучните фигури. Договорот на Модриќ со Кралскиот клуб истекува во јуни и можно е да замине во Италија, каде што би бил поблиску до дома.

Пред три години навивачите на Јувентус му аплаудираа на Кристијано Роналдо, па тој од Реал премина во Јуве. Можеби и поддржувачите на Интер се надеваат дека ќе му го стоплат срцето на Лука и тој ќе го облече дресот на Интер. Модриќ преку социјалните мрежи им се заблагодари на навивачите на Интер за „специјалниот момент“.

- Оглас -

Најнови вести