Трансфери од 100 милиони евра летово ќе бидат нешто нормално

Премините на Еден Азар, Пол Погба, Жоао Феликс или Антоан Гриезман, би можеле од ова лето да направат рекордно по број на трансфери чија вредност ја надминала цифрата од 100 милиони евра.

Најбогатите клубови не жалат пари за да дојдат до потписот на играчите кои ги посакуваат, но интересно е што ако во минатото беше научна фантастика да се плати 100 милиони за некој фудбалер, тоа сега стана нешто нормално.

Летово се очекуваат неколку 100-милионски трансфери. Реал Мадрид толку пари би платил за доведување на Азар и Погба, евентуалниот премин на Гриезман во Барса би бил далеку над 100 (Каталонците платија над 100 и за Кутињо и Дембеле), Пауло Дибала од Јувентус е тука некаде, исто како и талентот Џејдон Санчо и Жоао Феликс, а 100 милиони се бараат и за играчи од типот на Кристијан Ериксен или Сергеј Милинковиќ-Савиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести