Трансферот на Халанд ќе обезбеди двегодишен буџет на норвешки второлигаш

Челзи е блиску до ангажман на Ерлинг Халанд во трансфер што ќе чини околу 150 милиони евра, според најавите на англиските и германските медиуми, а од таа сума убаво би се опарил и норвешкиот второлигаш Брине.

Според правилата на УЕФА за солидарност на клубовите, ако трансферот на Халанд од Борусија Дортмунд во Челзи се оствари и биде 150 милиони евра како што е најавено, тогаш на сметката на Брине ќе легнат 2.25 милиони евра.

Тоа е сума со која норвешкиот второлигаш основан пред 95 години покрива плати за фудбалерите за две години. На 20-годишниот Халанд тоа ме у е матичен клуб во која како младинец ја почна кариерата во 2005 и остана до 2015 година.

Од трансферот на Халанд во Челзи пари ќе добијат и Борусија Дортмунд, Салцбург и Молде.

 

 

- Оглас -

Најнови вести