Трансферот на Нејмар од Барселона во ПСЖ, всушност е осми најскап во историјата!

Преминот на Нејмар од Барселона во Пари Сен Жермен, кој се случи летото 2017 година, со сума од 222 милиони евра, важи за светски рекорд и тешко е да се верува дека скоро ќе биде урнат. Трансферите со години наназад константно растеа, но тук своја улога си имаат и инфлацијата и вредноста на парите.

Пред 30-тина години, можевте да купите најдобар фудбалер на светот за сума која денеска е смешна. Така, ако се земе во предвид инфлацијата, пресметано е дека трансферот на Нејмар е само осми на сите времиња.

Највреден трансфер на сите времиња имал Бразилецот Роналдо, кој во 1997 година од Барселона се пресели во Интер за 28 милиони евра. Денеска, тие пари вредат дури 433 милиони евра.

На второ место е уште една продажба на Барселона. Станува збор за заминувањето на Диего Марадона од Барса во Наполи во 1984 година. Марадона замина за 7 милиони евра, кои денеска вредат дури 345. И третиот највреден трансфер го има направено италијански клуб. Јувентус во 1982 година не жалеше пари за да до донесе Мишел Платини од Сент Етјен. За него плати тогаш „дури“ 3,4 милиони евра, сума која сега е смешна. Кога вредноста на тие пари тогаш би се претвориле во денешни услови, трансферот ќе вредел 334 милиони евра.

Поскапи трансфери од оној на Нејмар имаат направено и Кристијан Виери од Лацио во Интер, Марко Ван Бастен од Ајакс во Милан, Габриел Батистута од Фиорентина во Рома и Гонзало Игуаин од Наполи во Јувентус.

Интересен е тој премин на Игуаин од 2016. Иако е вреден 90 милиони и беше направен само една година пред трансферот на Нејмар, тие 90 милиони во 2016 биле повредни (сега се 264) од 222-те во 2017. Во последните три години нема поместување, па вредноста на преминот на Нејмар и во денешни прилики е вреден 222 милиони.

 

- Оглас -

Најнови вести