Трансферот на Роналдо во Јунајтед избран за најдобар во историјата на Премиер лигата

Трансферот на Кристијано Роналдо од Спортинг Лисабон во редовите на Манчестер јунајтед кој се оствари во летото 2003 година, е избран за најдобар ангажман во историјата на Премиер лигата.

Ова е изборот на британскиот медиум „Скај спортс“, сумата од 12 милиони фунти која беше платена за Роналдо да дојде на „Олд трафорд“ е најдобра работа која Црвените ѓаволи ја оствариле во најатрактивната лига на светот.

Во црвениот дрес Роналдо прерасна во светска ѕвезда и си заработи преселба во Реал Мадрид. Со Јунајтед освои девет трофеи меѓу кои три се титули во англиското првенство и една Лига на шампиони, а во 2008 година ја освои првата од вкупно пет Златни топки.

По Роналдо, следуваат трансферите на Тиери Анри од Јувентус во Арсенал, па Ерик Кантона од Лидс во Манчестер јунајтед.

Топ 10 најдобри трансфери во историјата на Премиер лигата:

10. Алан Ширер, од Блекбурн во Њукасл

9. Венсан Компани, од Хамбургер во Манчестер сити

8. Вејн Руни, од Евертон во Манчестер јунајтед

7. Сол Кембел, од Тотенхем во Арсенал

6. Дидие Дрогба, од Марсеј во Челзи

5. Рој Кин, од Нотингем форест во Манчестер јунајтед

4. Френк Лампард, од Вест хем во Челзи

3. Ерик Кантона, од Лидс јунајтед во Манчестер јунајтед

2. Тиери Анри, од Јувентус во Арсенал

1. Кристијано Ронало, од Спортинг Лисабон во Манчестер јунајтед

- Оглас -

Најнови вести