Трапановски чека деби и најавува: „Македонија може да победи на сите натпревари во ЛН“

Фудбалската репрезентација на Македонија во сабота го започнува настапот во Лигата на нациите на УЕФА со меч против Фарските Острови на гости. Македонија е фаворит, но најголем проблем за нашата селекција може да бидат времето и теренот, а тоа го најавува и дебитантот во репрезентацијата, Кристијан Трапановски. Фудбалерот на Данди јунајтед е оптимист пред мечот со Фарските Острови, но и воопшто за настапот во Лигата на нациите.

„Задоволство ми е што сум дел од националниот тим на Македонија. Се надевам дека на оваа укажана шанса ќе ги докажам моите квалитети. Одлично се чувствувам, како да сум долго време тука, а не првпат. Целта е да освоиме што е можно повеќе бодови, ако можеме да ги победиме сите натпревари и да се пласираме во следната рунда. Фаворити сме, но во денешно време веќе нема лесни противници. Мислам дека сме поквалитетни од Фарските Острови и дека нема да имаме проблеми со теренот и времето. Ако ние одиграме како што знаеме, нема да имаме проблем да ги освоиме трите бода“, вели Кристијан Трапановски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести