Трчаа со мобилниот по судијата да му покажат дека не е пенал (Видео)

Со воведувањето на ВАР технологијата, судиите имаат можност да видат и да корегираат ако направиле некоја грешка која може да влијае на конечниот резултат на мечот. Сепак, ВАР системот не е воведен во сите лиги во светот, па така, играчите на еден тим во Индонезија направија своја верзија на ВАР технологијата.

На дуелот меѓу Борнео и Маудра при резултат 1:1, судијата покажа пенал за домаќините во 90 минута. Гостинските играчи протестираа дека немало пенал, па дури осум минути мечот беше во прекин. Кога сепак требаше да се изведе пеналот, гостите извадија мобилен телефон на кој ја имаше спорната ситуација и инсистираа судијата да види дека згрешил.

https://www.instagram.com/p/B2jTR5hFV48/?utm_source=ig_web_copy_link

Арбитарот сепак не прифати гледање на ситуацијата на мобилен телефон и на крајот пеналт беше изведен, а домаќините во 104 минута се израдуваа на победа од 2:1.

https://youtu.be/NfIKvK4y3QQ

- Оглас -

Најнови вести