Трчаат како навиени – Сити едвај за 200 метри и со играч фора го урна рекордот на Алиоски и соиграчите

Интересен податок извадија педантните аналитичари во Премиер,лигата, а се однесува и на Езџан Алиоски и на Лидс, екипа на која ѝ е прекината доминацијата во Англија.

На 30 меча по ред македонскиот репрезентативец и соиграчите од Лидс трчаа повеќе од сите ривали во Премиер лигата, што е фантастичен податок за најпријатното изненадување во англиското првенство.

И викендов веројатно ќе го наттрчаа и лидерот и главен фаворит за титулата Манчестер сити да не се случеше исклучувањето на Лијам Купер во последните моменти од првото полувреме.

И со фудбалер помалку во целото второ полувреме Сити едвај успеа да има поголема километража од маратонците од Лидс, а разликата е само 200 метри.

Алиоски и соиграчите сепак го остварија поважното и ги освоија бодовите, а нашиот репрезентативец со прекрасна асистенција му скрои пораз на Манчестер сити во 91-вата минута, кога фантастично го проигра стрелецот Далас.

 

- Оглас -

Најнови вести