Тре може се – Позираше седнат со кош „без коски“ (Видео)

Тре може се и игра прекрасна втора сезона во НБА лигата, а ноќеска постигна 36 поени во победата против Феникс и еден кош што не се важи, но беше фантастичен.

При загревањето пред мечот меѓу неговата Атланта и сонцата од Феникс, Јанг во седната позиција постигна кош „без коски“, а притоа стаса и да позира. Брилијантен потег на кошаркарот што ја игра втората сезона во НБА лигата, а веќе една од главните ѕвезди во најсилната баскет лига на светот.

Потоа доминираше на паркетот во „Стејт Фарм арена“ во Атланта и беше прв стрелец на тимот со 36 поени. Додаде и 10 асистенции и 4 скока, а Јастребите стасаа до 9. победа и веќе не се најлошиот тим во Лигата.

 

- Оглас -

Најнови вести