Требаше да биде дерби, а ги згазија на терен (Видео)

Милвоки бакс лесно со 130:110 ја победија Индијана пејсерс во меч кој се најавуваше како дерби на Источната конференција во НБА-лигата. Домаќините предводени од Јанис Адетокумбо немаа никакви проблеми и уште во првата четвртина имаа двоцифрена предност.

Разликата постојано се зголемуваше, па пред крајот на третата четвртина Милвоки стигна до водство од 106:70, па стартерите воопшто немаа потреба да играат во последната четвртина. Иако играше само 30 минути, Адетокумбо заврши со трипл-дабл од 21 поен, 14 скока и 10 асистенции.

Далас на гости ја победи Атланта со 122:116, а Лука Дончиќ беше лидер кај гостите. На Словенецот му недостасуваа само два скока за да заврши со трипл-дабл (27 поени, 14 асистенции и осум скока). Одличен кај гостите беше и Кристапс Порзингис со 24 поени и 11 скока.

https://youtu.be/0kk4f282vNI

Во останатите мечеви кои се играа ноќеска: Шарлот – Филаделфија 111:118, Чикаго – Њујорк 103:107, Кливленд – ЛА клиперс 99:121, Мајами – Вашингтон 100:103, Оклахома – Хјустон 104:87, Сан Антонио – Минесота 111:108, Њу Орлеанс – Феникс 123:101, Сакраменто – Бостон 116:111.

- Оглас -

Најнови вести