Требаше да биде дерби – ЦСКА ја растури забавата во Атина

Панатинаикос слави 101 година постоење на кошаркарскиот клуб, а забавата во Атина ја расипа ЦСКА Москва со брилијантна партија баскет и победа против најстариот грчки клуб со 97:66.

Гостите апсолутно доминираа и потсетија дека се актуелни европски прваци, а неизвесност во „Олимписката сала“ во Атина немаше.

ЦСКА доби три од четирите четвртини, втората заврши нерешено, 16:16, а ова е еден од најтешките порази на ПАО на домашен терен.

Дарун Хилард беше најефикасен на мечот со 21 поен и ги предводеше шампионите до убедлива победа. Мајк Џејмс постигна 18 поени.

Кај Панатинаикос само Томас Дешон со 12 поени и Ник Калатес со 10 беа двоцифрени.

Претходно уште една руска екипа, Зенит, славеше победа со 76:75 против Жалгирис по продолженија. Во тек се мечевите меѓу Реал и Асвел, односно Валенсија со Милано.

 

- Оглас -

Најнови вести