Требаше да биде ѕвезда на НБА-драфтот, а сега ќе оди во затвор поради убиство

Универзитетската кошаркарска ѕвезда Тешон Хајтауер е обвинет и уапсен поради убиство во САД. Најдобриот стрелец на Универзитетот Тулан е обвинет за убиство кое се случило на 8 април во градот Стокбрајд во сојузната држава Џорџија. На кобниот ден, во 11 часот наутро било пријавено дека има истрели од оружје, а жртва бил 24-годишниот Деванте Ентони Лонг, кој заработил неколку прострелни рани, а подоцна им подлегнал на повредите.

Кај Хајтауер било пронајдено оружјето со кое е извршено убиството, па кошаркарот заедно уште со четворица завршија зад решетки. Бекот сезонава играше одлично во НЦАА лигата и во просек постигнуваше по 16 поени на меч.

Тој се пријави да биде дел од НБА-драфтот, но наместо обид да влезе во најсилната кошаркарска лига во светот, тој најверојатно ќе влезе во затворска келија.

 

- Оглас -

Најнови вести