Требаше да докаже дека навистина е жена, а сега најавува тужба

Голманката на иранската репрезентација Зохер Кудаи најави дека ќе упати тужба против Фудбалската федерација на Јордан затоа што тие не верувале дека е жена.

Азиската фудбалска федерација (АФЦ) направи истрага во која беше потврдено дека на голот на иrанската репрезентација бранела жена.

Иран се пласира на Азискиот куп 2022 година, откако во драматичен меч, дури по подобро изведување на пенали, ја совлада селекцијата на Јордан со 4:2, а токму Зохер беше хероината.

„Јас сум жена.Ова беше големо малтретирање и се чувствувам понижено. Ќе подигнам тужба против фудбалската федерација на Јордан“, вели голманката Кудаи.

Репрезентативката на Иран е родена во 1989 година и веќе подолго време е прва опција на голот. И во минатото неколку пати била тестирана околу нејзиниот пол.

„Единствениот мој грев е тоа што не сум убава“, додава Кудаи, која е разочарана што мора да поминува низ целата оваа работа.

- Оглас -

Најнови вести