Требаше ли вака да изреагира Љорис кога доби подадена рака од Мартинез? (Видео)

Астон Вила го победи Тотенхем во Лондон, а голманите Љорис и Мартинез се сретнаа за првпат после финалето на СП во Катар, каде истотака на крај се радуваше Аргентинецот, иако денеска не бранеше.

Мартинез ги провоцираше и навредуваше Французите после мечот, за што доби многу критики. Пред мечот, Мартинез и Љорис се сретнаа во тунелот, а камерите го снимија тоа. Аргентинецот му пружи рака на Французинот, а Љорис одлучи да постапи спортски, и не го игнорираше, туку се поздрави со него, иако изразот на лицето му беше сериозен.

Иако многу Французи му замеруваат на капитенот што се поздрави со Мартинез, сепак Љорис не сакаше да се спушта на негово ниво.

- Оглас -

Најнови вести