Требаше веќе да водиме, Несторовски утна голема шанса

Македонската репрезентација можеше да води со 1-0 по 8 минути игра на гостувањето кај Романија, но Илија Несторовски не успеа да искористи прекрасна шанса.

Најпрвин напаѓачот на Удинезе ја утна топката кога му дојде на неговата лева нога, а потоа доби убава асистенција и непречен од никого можеше да даде гол, но не се снајде со десната нога и топката отиде над голот. Иако уште е 0-0, ова е најава дека може да се очекуваат голови во мрежата на Романците.

- Оглас -

Најнови вести