Тренер почина на терен, славејќи гол за победа на неговиот тим (Видео)

Трагична вест го потресе египетскиот фудбал, тренерот на второлигашот Ал-Магда, Адам Ел Селхедар почина од инфаркт веднаш откако неговиот тим постигна гол за победа во 90-тата минута.

Иако брзата помош веднаш реагираше, на тренерот му немаше спас, па радоста на фудбалерите на теренот се претвори во тага.

Ел Селхедар е поранешен играч на трофејниот клуб Исмаилија, со кој во 90-тите освои и титула во египетското првенство.

 

Погледнете ги драматичните сцени на средбата во Александрија:

- Оглас -

Најнови вести