Тренер застрелен со пиштол за време на третолигашки меч во Аргентина (Видео)

Ретко виден хаос се случи на еден вчерашен третолигашки натпревар во Аргентина. Тренерот на клубот Феро де Пико, Маурисио Ромеро, беше ранет во рамото откако еден навивач го застрела со пиштол. За среќа, Ромеро не е во животна опасност.

Според аргентинските медиуми, тренерот на гостите ненамерно бил застрелан и бил колатерална штета на масовна меѓусебна тепачка помеѓу навивачите на домашниот тим Хуракан Лас Херас. Кога слушнаа пукање, играчите, тренерите и судиите веднаш почнаа да бегаат кон соблекувалните.

Погледнете ги срамните сцени и моментот кога тренерот беше погоден со куршум во рамото:

- Оглас -

Најнови вести