Тренерите го советувале Федерер да не влегува во врска со Мирка

Некогашниот тренер на Роџер Федерер, Свен Гроневелд, изјави дека на почетокот кога швајцарскиот тенисер почнал да се гледа со неговата сегашна жена Мирослава „Мирка“ Вавринец, тој го советувал да ја откачи и да остане сингл. Од денешна перспектива, Гроневелд ја признава грешката и вели дека Роџер направил добра одлука што не го послушал неговиот совет.

Федерер испиша историја на тенисот, со 20 гренд-слем титули е рекордер, омилен е кај фановите, а и во приватниот живот му оди добро.

„Роџер ги прашуваше сите од неговата околина дали мислиме дека треба да биде со Мирка. Ние го советувавме да не го прави тоа, беше многу млад, и сметавме дека е подобро да остане без девојка. Тој ги игнорираше нашите совети и ја донесе најдобрата одлука во животот. Резултатот е видлив, успешен љубовен живот, стабилен брак, четири деца“

Швајцарецот и некогашната тенисерка од Словачка, во брак се од 2009 година. Федерер во едно интервју кажа дека не си легнува во кревет ако жена му не е до него. Интересно е што Федерер и своето пензионирање го врзува со Мирка.

„Ако таа ми каже дека е време да се повлечам, ќе ја завршам кариерата“ – вели Федерер, за кого очигледно дека Мирка е главна фигура во животот и ги влече конците во семејството, но таа и во минатото му помогна ментално да стане цврст, што беше клучно за неговата успешна кариера.

- Оглас -

Најнови вести