Тренерот кој го однесе Унион Берлин до Лигата на шампионите доби отказ

Управата на Унион Берлин и тренерот Урс Фишер спогодбено го раскинаа договорот, со што заврши најуспешната ера во историјата на германскиот бундеслигаш.

Унион Берлин, кој минатата сезона беше вистински хит во Германија и обезбеди пласман во Лигата на шампионите, сезонава игра очајно и во 16 меча во сите натпреварувања оствари само две победи, едно реми и дури 13 порази, од кои девет беа во низа.

 

Унион Берлин моментно се наоѓа на последното место на табелата само со шест освоени бода, а во Лигата на шампионите по четири кола, освои само еден бод.

Фишер на клупата на Унион Берлин седна во 2018 година и веднаш во првата сезона го внесе тимот во Бундеслигата. Во сезоната 2020/21 обезбеди пласман во Лигата на конференции, наредната во Лигата на Европа, а минатата сезона и во Лигата на шампионите.

- Оглас -

Најнови вести