Тренерот на Аталанта збеснал: Прво плукнал, а потоа го нападнал спортскиот директор на Фиорентина

Фиорентина и Аталанта одиграа 1:1 во синоќешниот дуел од 30-тото коло во Серија А. Гостите водеа на полувреме, но Виолетовите израмнија во вториот дел, па дури имаа шанси и за целосен пресврт, но на крајот мораа да се задоволат со еден освоен бод.

Покрај погодоците и интересната игра, оваа средба ќе се памти и по испадот на тренерот на гостите, Џанпјеро Гасперини. Како што пренесуваат италијанските медиуми, Гасперини збеснал по средбата.

„Тренерот на Аталанта, Гасперини, по завршувањето на мечот, им беше лут на навивачите на Фиорентина и на раководството на овој клуб. „Расистичка публика“ и „Вие сте крадци“ беа зборовите кои Гасперини ги упатил кон публиката и челниците на Фиорентина. Но, тоа не е сè. Гасперини го плукнал спортскиот директор Прадо“, стои во информациите пренесени од тамошните медиуми.

 

- Оглас -

Најнови вести