Тренерот на Баерн ги „нападна“ ПСЖ и Мбапе

Помалку од 10 дена остануваат до враќање на возбудувањата во елитната Лига на шампиони, а атмосферата полека се загрева. Според распоредот, на 14 февруари ќе бидат првите два осминафинални дуели, а ќе играат Милан – Тотенхем и ПСЖ – Баерн Минхен.

Токму ПСЖ и Баерн Минхен важат како фаворити за освојување на титулата во ЛШ, но еден од овие два тима ќе мора да биде елиминиран во првата нокаут фаза. Од ПСЖ неодамна соопштија дека Килијан Мбапе се повредил и дека ќе паузира три недели. Според тие калкулации, Мбапе нема да биде подготвен за првиот дуел против Баерн во Париз.

Сепак, така не мисли тренерот на Баварците, Јулијан Нагелсман. Стратегот на германскиот првак мисли дека тоа се само игри на противникот и очекува Мбапе да игра на 14 февруари.

„Не знам што точно да кажам, но очекувам Мбапе да игра. на нивната официјална страница нејасно стои дека ќе паузира три недели, но не и дали ќе игра против Баерн. Ако нема посериозна повреда, мислам дека ќе игра. Ние ќе се подготвуваме како Мбапе да игра“, вели Нагелсман, кој со оваа изјава јасно покажа дека не верува многу во службените соопштенија на ПСЖ.

Мбапе се повреди на дуелот против Монпелје, кој се играше на 1 февруари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести