Тренерот на Баерн Минхен има план како да го елиминира Лацио

Баерн Минхен и Лацио вечерва од 21 часот ќе играат реванш-меч од осминафиналето во Лигата на шампионите, по кој треба да се дознае патникот за следната фаза. Лацио има предност од 1:0 и гостите во Минхен ќе се обидат да останат непоразени за сигурно да останат во елитното натпреварување.

Тренерот на Баерн Минхен, Томас Тухел, е под голем притисок, но тој едноставно е оптимист дека неговиот тим ќе победи.

„Ситуацијата е јасна. Притисокот е дел од играта преку кој се доаѓа до успех. Потребна ни е победа барем од два гола разлика. Не смееме да го губиме разумот, посебно ако од почетокот не биде онака како што посакуваме. Сепак, немаме време за губење и чекање. Мора да најдеме баланс меѓу смиреноста и притисокот“, рече Тухел, пред денешниот меч на „Алијанц арената“ во Минхен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести