Тренерот на Баерн најави дека со „валкан“ фудбал ќе брка пласман во полуфинале на ЛШ

Баерн Минхнен загуби на првиот меч од Вилјареал во четвртфиналето од Лигата на шампионите и сега германскиот гигант на свој терен ќе мора да брка победа барем од два гола за место меѓу најдобрите во Европа.

Тренерот на Баерн, Јулијан Нагелсман, вели дека овојпат неговиот тим ќе го промени стилот на игра и дека ќе игра и „валкано“ ако е тоа потребно.

„Сезонава во најважните мечеви имавме добри резултати. Се надевам дека и овојпат ќе биде така. Дали чувствуваме притисок? Тоа е човечки, но дијамантите се појавуваат под притисок. Мораме да направиме и промени во играта, дури и да играме ‘валкан’ фудбал ако е тоа потребно. Мораме да ги казниме“, рече Нагелсман пред утрешниот дуел.

- Оглас -

Најнови вести