Тренерот на Борац Чачак: „Се надевам дека вистината ќе излезе на виделина“

Тренерот на Борац од Чачак, Дејан Мијатовиќ, даде чудна изјава на прес-конференцијата после натпреварот со Црвена Звезда. Дали со оваа изјава тренерот на српската екипа сака да фрли сомнеж на регуларноста на лигата? Веројатно знае само тој самиот.

– „Се вртиме кон натпреварот во Подгорица, имаме уште 40 минути. Не знам што да кажам околу сите овие случувања во последните 3-4 кола. Се надевам дека вистината ќе излезе на виделина кога се ова ќе заврши. Уште еднаш честитки за моите кошаркари за се одиграа на теренот, бидејќи психолошки беше многу тешко да се одигра овој натпревар поради се што се случува. Ете, толку!“

Борац Чачак вечерва загуби на домашен терен од Црвена Звезда со 82-87. Опстанокот во Јадранската лига ќе се решава во последното коло. На МЗТ Скопје потребна му е победа над Цибона на домашен терен и пораз на Борац на гостувањето кај Будуќност во Подгорица.

- Оглас -

Најнови вести