Тренерот на Еурофарм Пелистер е позитивен на коронавирус

Екипата на Еурофарм Пелистер се соочи со проблем пред патувањето за Германија, тренерот Жељко Бабиќ е позитивен на ковид-19 и нема да ја води екипата на овој меч од ракометната Лига на Европа на ЕХФ.

„РК Еурофарм Пелистер ја известува јавноста дека при последното тестирање на ковид-19 неопходно за патувањето на екипата во Магдебург, тренерот на екипата Жељко Бабиќ е позитивен на ПЦР тестот. Се работи за асимптоматски случај и Бабиќ веќе е во карантин. Наместо тој екипата во Магдебург ќе ја водат неговите помошници Божидар Мојсов и Ице Соколески. Бабиќ ќе ги пропушти и натпреварите против Младост Богданци (Куп) и Татран Прешов (СЕХА лига). Клубот му посакува брзо оздравување и враќање на работното место. Исто така известени се претставниците на Вардар 1961, со кои Еурофарм Пелистер го играше натпреварот од плејофот на Суперлигата во саботата“, стои во соопштението на клубот.

- Оглас -

Најнови вести