Тренерот на европскиот првак откри колкави се шансите на екипите да ја освојат ЛШ

Челзи е тимот кој ќе се обиде да го одбрани европскиот трон во Лигата на шампионите. Англискиот тим вечерва на својот „Стемфорд бриџ“ игра против Зенит во првото коло од групната фаза во елитното натпреварување на УЕФА. Челзи е голем фаворит за победа против рускиот тим, но тренерот на лондончани е фокусиран на долгорочни цели, односно како да се одбрани титулата.

„Има многу клубови кои сезонава може да ја освојат Лигата на шампионите. Потребно ви е волја, среќа, но и добра екипа. Ова е многу отворено натпреварување и сите клубови имаат исти шанси да стигнат до трофејот. Ние можеби бевме изненадување минатата сезона, но секако дека заслуживме да го подигнеме трофејот. Сега сите почнуваме од нула бодови и нула голови“, вели Тухел.

Одбраната е најсилно одужје на Челзи, тим кој во четири меча во Премиер лигата прими само еден гол. Од победата во финалето на Лигата на шампионите против Манчестер сити со 1:0, Челзи одигра 10 меча и нема ниеден пораз.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести