Тренерот на Федерер го бива и за шах, ремизираше со петторангираниот на светот

Некогашниот хрватски тенисер, а сега тренер на славниот Роџер Федерер, покажа дека е и добар шахист. Иван Љубичиќ кој беше и трети на АТП листата на најдобри тенисери на светот, одигра една онлајн партија со Максим Вашие-Лаграв, кој е петтторангиран шахист на светот според рејтинг поените на ФИДЕ листата.

Французинот му е предизвикувач на Магнус Карлсен за светската титула, и како дел од подготовските за тој дуел, одигра симултанка, во која еден од противниците му беше и Љубичиќ. Популарниот Љубо со црни фигури извлече реми, а откако остана непоразен, рече дека имал среќа.

- Оглас -

Најнови вести